Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Можен договор за прекин на огнот во Газа, Трамп и Нетанјаху во Белата куќа
    Свет

    Можен договор за прекин на огнот во Газа, Трамп и Нетанјаху во Белата куќа

    08/07/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа беше домаќин на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Белата куќа, при што двајцата лидери разговараа за можен прекин на огнот во Газа и долгорочен мировен договор.

    Третата посета на Нетанјаху во Вашингтон откако Трамп се врати во Белата куќа се случува во клучен момент. Американскиот претседател се надева да ја искористи инерцијата по неодамнешниот прекин на огнот меѓу Израел и Иран, по 12-дневната војна.

    – Не мислам дека има блокада, работите одат добро, изјави Трамп пред новинарите пред почетокот на официјалната вечера со Нетанјаху.
    Тој додаде дека е убеден оти Хамас е подготвен на прекин на огнот и дека сака средба.

    „Тие (Хамас) сакаат состанок и сакаат прекин на огнот, рече Трамп на почетокот на официјалната вечера во Белата куќа со израелскиот премиер. На прашање од новинарите дали непотврдени извештаи за израелски жртви во северна Газа ќе влијаат врз преговорите, Трамп одговори: „Не мислам така“.

    Специјалниот американски пратеник, Стив Виткоф, кој исто така присуствуваше на вечерата, изјави дека постои можност за брзо постигнување договор во рамките на индиректните преговори за примирје и ослободување на заложниците.

    Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, изјави дека Виткоф „има намера да отпатува во Доха подоцна оваа недела“ за да учествува во преговорите. Левит посочи дека главен приоритет на САД на Блискиот Исток е крај на војната во Газа и ослободување на сите заложници. Таа ги пофали Катар и Египет како „исклучително корисни партнери во медијацијата за мир и ставање крај на конфликтот еднаш засекогаш“.

    Преговорите во Доха, посредувани од Катар, Египет и САД, се фокусираат на 60-дневен прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците кои сè уште ги држи Хамас.

    Според предлогот, треба да запрат непријателствата во Газа најмалку 60 дена, постепено да се ослободат 10 израелски заложници, а да се вратат и посмртните останки на загинатите заложници. Во замена, Израел би ослободил голем број палестински затвореници.
    За време на примирјето, страните би преговарале за долгорочен крај на војната.

    Нетанјаху повторно ја отфрли можноста за создавање палестинска држава, истакнувајќи дека Израел „засекогаш ќе го задржи контролниот механизам за безбедност во Газа“.

    – Луѓето нема повеќе да кажуваат: ‘Дајте им уште една држава’. Тоа би бил полигон за уништување на Израел, додаде тој.

    Поврзани вести:

    Над 1.000 загинати во катастрофалните поплави во Непал, илјадници исчезнати – стотици работници заробени во тунели

    Над 1.000 загинати во катастрофалните поплави во Непал, илјадници исчезнати – стотици работници заробени во тунели

    Два американски воени авиони слетаа во Софија, Бугарија потврди привремен престој

    Два американски воени авиони слетаа во Софија, Бугарија потврди привремен престој

    Албанија почна со поставување интелигентни камери во училиштата: Алармите директно ќе стигнуваат до полицијата

    Албанија почна со поставување интелигентни камери во училиштата: Алармите директно ќе стигнуваат до полицијата

    Седум лица загинале, а 45 се повредени во синоќешните руски напади на Украина

    Седум лица загинале, а 45 се повредени во синоќешните руски напади на Украина

    (Видео) 20 исчезнати, најмалку 8 загинати е досегашниот црн биланс по потонувањето на траект во Кипар

    (Видео) 20 исчезнати, најмалку 8 загинати е досегашниот црн биланс по потонувањето на траект во Кипар

    Путин, Си и Моди на самит во Киргистан договараат зајакнување на соработката

    Путин, Си и Моди на самит во Киргистан договараат зајакнување на соработката

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Над 1.000 загинати во катастрофалните поплави во Непал, илјадници исчезнати – стотици работници заробени во тунели

    01/09/2026

    Два американски воени авиони слетаа во Софија, Бугарија потврди привремен престој

    01/09/2026

    Албанија почна со поставување интелигентни камери во училиштата: Алармите директно ќе стигнуваат до полицијата

    01/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.