Македонската кошаркарска репрезентација добива сериозно засилување под обрачите. Американскиот центар Мозес Рајт ќе го носи македонскиот дрес во августовскиот ФИБА-прозорец, откако неговиот клуб Олимпија Милано официјално потврди дека ќе му дозволи настап за националниот тим.
Можноста Рајт да стане дел од македонската репрезентација се најавуваше уште во јуни, кога се појавија информациите дека тој ќе добие македонско државјанство. Сега неговото приклучување кон тимот е и официјално потврдено.
Македонија на 30 август ја очекува натпревар против Австрија во рамките на втората фаза од претквалификациите за Европското првенство, а Рајт ќе биде важен дел од составот.
Новиот македонски репрезентативец зад себе има одлична сезона во дресот на Жалгирис. Тој беше еден од клучните кошаркари на литванскиот тим, кој регуларниот дел од Евролигата го заврши на петтата позиција.
Во најсилното европско клупско натпреварување, 27-годишниот центар просечно реализираше 13,2 поени и 6,5 скока по натпревар, со индекс на корисност 17,1. На паркетот поминуваше нешто повеќе од 23 минути во просек.
Со својата физичка сила, атлетски способности и искуство од Евролигата, Рајт треба да донесе дополнителна стабилност во рекетот и да биде големо засилување за Македонија во обидот да обезбеди пласман на Европското првенство.
