Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Хроника»Младо момче од Македонија се удави во Халкидики
    Хроника

    Младо момче од Македонија се удави во Халкидики

    26/06/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Во бессознание бил извлечен од морето на плажата во Ханиоти на првиот крак на Халкидики, 20-годишен македонски државјанин, по што веднаш бил пренесен во болница каде што била констатирана смрт, јави дописничката на МИА од Атина.

    Од Крајбрежната служба на Грција информираа дека вчера попладне управата во Неа Мудања била известена дека „20-годишен странец (државјанин на Северна Македонија) е извлечен без свест од морскиот дел на плажата Ханиоти во општина Касандра“.

    Момчето со возило на брзата помош било пренесено во Здравствениот центар во Касандра, каде што била констатирана смрт.

    Крајбрежната управа на Неа Мудања спроведува прелиминарна истрага за смртта на 20-годишниот, а телото ќе биде пренесено во Служба за судска медицина во Солун за да се изврши обдукција.

    Волонтерот спасувач Јоанис Колокитас кој само неколку минути по несреќата пристигнал на плажата, преку социјалните мрежи изрази жалење за смртта на момчето и посочи дека 20-годишниот доживеал срцев удар по давење во морето.

    Објасни дека спасувачката која била на плажата со помош на други капачи го извлекле момчето од морето и веднаш започнала со пропишаниот процес на реанимација со истовремена употреба на автоматски дефибрилатор.

    – Во 16:45 ми се јавија и пристигнав на местото за две минути, приклучувајќи се кон напорите заедно со спасувачката за да го вратиме детето во живот. Итна реакција на екипата на брзата помош со здравствените работници Андонис и Катерина, продолжувајќи ги напорите заедно, но за жал без посакуваниот резултат. Транспорт на детето до здравствениот центар и придружба од моја страна во кабината на возилото на брзата помош, правејќи кардиопулмонална реанимација со Катерина од местото на преземање до здравствениот центар Касандра, а Андонис вози што е можно побрзо и внимателно, но за жал лекарите ја констатираа смртта на детето, напиша волонтерот спасувач Колокитас.

    Поврзани вести:

    Жена од Куманово пријавила дека била претепана од синот и снаата

    Жена од Куманово пријавила дека била претепана од синот и снаата

    Искрење од тример предизвикало пожар, едно лице лишено од слобода

    Искрење од тример предизвикало пожар, едно лице лишено од слобода

    Скопјанец измамен за 720.000 денари со приказна за лекување во странство

    Скопјанец измамен за 720.000 денари со приказна за лекување во странство

    Притвор за владиниот возач осомничен дека барал мито, од Владата случајот го оценуваат како пример дека институциите можат заеднички да постапуваат против корупцијата

    Притвор за владиниот возач осомничен дека барал мито, од Владата случајот го оценуваат како пример дека институциите можат заеднички да постапуваат против корупцијата

    Маж седел со друга жена, неговата сопруга сакала да ја тепа, па тој ја натепал сопругата

    Маж седел со друга жена, неговата сопруга сакала да ја тепа, па тој ја натепал сопругата

    Тројца полицајци повредени во сообраќајна несреќа во Скопје

    Тројца полицајци повредени во сообраќајна несреќа во Скопје

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Жена од Куманово пријавила дека била претепана од синот и снаата

    06/09/2026

    Искрење од тример предизвикало пожар, едно лице лишено од слобода

    06/09/2026

    Скопјанец измамен за 720.000 денари со приказна за лекување во странство

    06/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.