Во Софија полицијата и обвинителството ги презентираа најновите информации од истрагата за шесте мистериозни смртни случаи. Станува збор за две одделни, но поврзани тројни убиства. Сите жртви починале од прострелни рани во главата.
Институциите соопштија дека се извршуваат вештачења и дека се сослушани многу сведоци, а досегашните наоди не укажуваат на траги од борба или присуство на трети лица на локациите.
Истражните органи разгледуваат две главни верзии – убиство по кое следува самоубиство или самоубиство извршено од повеќе лица.
Случајот предизвика силни реакции во јавноста, а дел од роднините на жртвите ја оспоруваат верзијата за самоубиство и бараат целосно и транспарентно расветлување на настаните.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
