Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во седиштето на НАТО во Брисел учествува на состаноци на Северноатлантскиот совет на ниво министри за одбрана.
Средбите се посветени на зајакнување на колективната одбрана, зголемување на инвестициите во одбранбените капацитети и подготовките за претстојниот Самит на Алијансата.
На состаноците се разгледува натамошното унапредување на одбранбените способности на НАТО преку континуирани вложувања во одбраната, развој на вооружените сили и јакнење на одбранбената индустрија на земјите членки.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
