Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Хроника»Мираковски: Пожарите се штетни по здравјето, канцерогени супстанци има во сѐ што согорува
    Хроника

    Мираковски: Пожарите се штетни по здравјето, канцерогени супстанци има во сѐ што согорува

    10/07/20253 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    За жал пожарите на депониите, а особено на дивите депонии, каде што не го знаете ниту составот на отпадот на материјалот, којшто е депониран, се многу опасни, бидејќи емитираат состојки, кои во кратко време се со високи концентрации на многу токсични компоненти и се шират во близината на местото, каде што настанал пожарот и тоа е една од причините, коишто дополнително го загадува воздухот.

    Ова е ставот на ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Дејан Мираковски, а воедно и еден од експертите за мерење на загадување на воздухот во лабараторијата АМБИКОН при УГД-Штип, кој денеска одговараше на новинарско прашање, колку опасни беа вчерашните пожари и на депонијата на старо железо во скопскиот регион, но и на шумските пожари во земјата.

    -Емисиите се присутни во воздухот, додека трае пожарот. Генерално или тие се дисперзираат во широк простор, неограничен простор, па се намалува нивната концентрација и не е опасна за здравјето или се таложат во околината на пожарот. Генерално покрупните честички, другото се расејува во многу широк простор и се намалуваат концентрациите, вели Мираковски.

    Тој посочува дека за луѓето е опасно е да биде блиску до чадот и тоа  директно до чадот од пожарот, а какошто вели за жал канцерогени супстанци има во се што се согорува.

    – Имаме и во дрвата од 24 идинтефикувани компоненти од димот, од чадот од дрвата 14 се канцерогени. Било кое согорување е проблематично и од тие причини не само од аспект на климатските промени, човештвото се труди да го намали согорувањето,за сметка на некои други извори на енергија, односно да ја произведуваме енергијата на почист начин, изјави Мираковски.

    Тој додаде дека во текот на летниот период има загадување на воздухот и од шумските пожари, но и од депониите, кои се нестандардни и несанитарни.

    -Ние со загаденоста на воздухот имаме проблем во текот на зимата. Но, за жал и во текот на летните месеци ни се јавуваат високи концентрации на загадувачки материи, токму поради пожарите. Главната причина е затоа што нашите Системи за управување со отпад се нефункционални, односно наместо депонии имаме некакви нестандардни, несанитарни ѓубришта, а не депонии и со отпадот не се управува соодветно. Додека не ги создадеме условите сигурно нема да се поместиме од оваа точка, подвлече Мираковски.

    Тој потенцира дека мора да создадеме услови отпадот да се прифаќа, третира и тоа пред да се депонира, но  и да се депонира, тоа што не може да се искористи.

    – Повеќе години работиме на тој проблем, некој напредок, јас лично немам информации, но не гледам дека има, вели Мираковски.

    Тој посочи дека и Брегалничкиот регион е еден од тие региони, каде што се уште нема систем за управување со отпад. Над една деценија се чека на изградбата на современата фабрика за отпад во Светниколското село Мечкуевци, а во којашто треба да се третира отпадот од општините од Источниот и Североисточниот регион. Ректорот на УГД-Штип, Мираковски потенцираше се додека не почнеме со управувањето на отпадот и со новите системи ќе има отпад на сите страни и во урбаните, руралните средини, но и низ самата природа, а потоа тој отпад лесно се запалува во самата животна средина и предизвикува пожари. Мираковски рече дека токму поради ова имаме и загаден воздух, реки и почва. Според него институциите мора да се фокусираат и да го решат управување со отпадот и изградба на современи регионални фабрики за отпад.

    Поврзани вести:

    Работник на бензинска пумпа претепан во Требиње, напаѓачот уапсен

    Работник на бензинска пумпа претепан во Требиње, напаѓачот уапсен

    Полицијата приведе 13-годишник по тепачка со ножеви во Чаир

    Полицијата приведе 13-годишник по тепачка со ножеви во Чаир

    Пешак тешко повреден во сообраќајна несреќа на патот Огњанци – Петровец

    Пешак тешко повреден во сообраќајна несреќа на патот Огњанци – Петровец

    Работник тешко повреден откако паднал од висина на градилиште во Карпош

    Работник тешко повреден откако паднал од висина на градилиште во Карпош

    Обвинителот Цветановски ја враќа во живот истрагата за мазутот во ТЕЦ „Неготино“

    Обвинителот Цветановски ја враќа во живот истрагата за мазутот во ТЕЦ „Неготино“

    Малолетник од Тетово затекнат зад волан на „БМВ“ без возачка дозвола

    Малолетник од Тетово затекнат зад волан на „БМВ“ без возачка дозвола

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Работник на бензинска пумпа претепан во Требиње, напаѓачот уапсен

    01/09/2026

    Полицијата приведе 13-годишник по тепачка со ножеви во Чаир

    01/09/2026

    Пешак тешко повреден во сообраќајна несреќа на патот Огњанци – Петровец

    31/08/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.