Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Хроника»Mилионски злоупотреби во Прилеп, јаделе и пиеле на сметка на болницата, поднесено е обвинение
    Хроника

    Mилионски злоупотреби во Прилеп, јаделе и пиеле на сметка на болницата, поднесено е обвинение

    29/01/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Наместо парите од партиципација да одат за пациенти, лекови и за работата на болницата – завршувале во џебови и по кафеани. Основното јавно обвинителство – Прилеп поднесе обвинение против осум лица и една фирма за сериозни злоупотреби во прилепската болница, направени во периодот од 2022 до јули 2024 година.

    Според истрагата, главна осомничена е поранешната директорка, заедно со уште тројца вработени, кои наводно извлекле 9.605.081 денари или околу 156 илјади евра, преку лажни исплати – пари што биле собрани од граѓаните како партиципација за здравствени услуги.

    Се правеле лажни налози за работа и исплати на рака, како да биле завршени некакви услуги за болницата. Но, за тие исплати немало договори, немало вистински докази, ниту оправдување зошто се трошат парите.

    А кога требало да се „покрие трагата“, дел од исплатите се правдале со фискални сметки – за гориво,  пицерии, ресторани, кафеани, кафулиња и слаткарници.

    За да ги прикријат делата , според обвинителството, се внесувале лажни податоци, а старите записи се менувале и „поправале“ за да одговараат на измислените исплати.

    Обвинение има и за уште една линија на злоупотреби – овој пат преку фирма за обезбедување. Поранешната директорка, еден обезбедувач, управител и двајца сопственици на фирмата, како и самата агенција, се товарат дека во два наврати направиле договор кој постоел на хартија, но во практиката, не се исполнувал.

    Притоа, според Обвинителството, фирмата заработила 6.567.538 денари, а болницата била оштетена.

    Поранешната директорка дополнително се товари и дека од болничката ставка „храна за болни“,  при што  е направена штета од 1.439.987 денари.

    Во исто време, се сомничи дека биле исплаќани и неосновани прекувремени часови на селективно избрани вработени, со што буџетот на болницата бил оштетен за уште 1.850.895 денари.

    Од Обвинителството додаваат  дека за дел од случајот, истрагата продолжува и понатаму, врз основа на пријава од Финансиската полиција и наоди од Државниот завод за ревизија.

     

    Поврзани вести:

    Две тешки сообраќајни несреќи во Скопје: Повредени мопедист и шестгодишно дете

    Две тешки сообраќајни несреќи во Скопје: Повредени мопедист и шестгодишно дете

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    Тринаесетгодишно момче претепано од група малолетници во Влае

    Тринаесетгодишно момче претепано од група малолетници во Влае

    Мотоциклист од Гостивар „летал“ со 188 километри на час на автопатот Гостивар – Тетово, заработи кривична пријава

    Мотоциклист од Гостивар „летал“ со 188 километри на час на автопатот Гостивар – Тетово, заработи кривична пријава

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Две тешки сообраќајни несреќи во Скопје: Повредени мопедист и шестгодишно дете

    20/10/2026

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    19/10/2026

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    19/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.