Секако, главен предизвик, но и прв според календарот на УЕФА, е мечот со Белгија на гости, репрезентација која е фаворит за првото место во групата.
„Имаме двајца повратници, Стефан Ашковски и Давид Бабунски, а за жал поради повреда ќе отсуствува Лирим Ќамили. Што се однесува до предизвикот, за нас сите натпревари се главни. Досега одигравме пет големи битки, а така ќе биде и на преостанатите три. Белгија останува главен фаворит во нашата група, но ние покажавме дека можеме да играме против сите. Никој не може да ни ја одземе надежта за пласман на Светското првенство. Ќе се подготвуваме максимално сериозно и ќе сториме сè за да постигнеме успех. Нашата цел е да докажеме дека Македонија може да биде конкурентна и против реално поквалитетни селекции“, рече Милевски.
Во однос на предизвикот да се освојат бодови на гости кај Белгија, даде интересен коментар.
„Имаме ние во нашиот македонски ген еден посебен икс-фактор што не знаеме кога ќе проработи. Понекогаш излегува тогаш кога е најпотребно, во моменти кога сите мислат дека е невозможно. Тоа е нашата сила, нашата верба и инает, нешто што не се гледа секогаш на табелата, ама на теренот прави разлика.“
По Белгија репрезентацијата на 13-ти, понеделник, во Скопје ќе игра со Казахстан, натпревар со императив победа и 3 бода.
