Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ верува оти во моментов не е можно доаѓањето на претседателот на Србија, Александар Вучиќ во Хрватска и затоа одлучил да го откаже состанокот од процесот Брдо-Бриони, што требаше да се одржи во мај.
Милановиќ смета дека последните политички изјави и постапки на Вучиќ ги нарушуваат меѓудржавните односи.
Вучиќ на ова изјави: „ Тој е апсолутно во право, не припаѓам таму. Како претседател на Србија, отсекогаш сум сакал да одам и да положам цвеќе во Јасеновац”.
Вучиќ смета дека Милановиќ не требало да го откаже целиот состанок, туку можел „убаво да ги покани своите другари од Приштина и Тирана.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
