Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Мицкоски: Водата во Гостивар до крајот на неделата за техничка употреба
    Република

    Мицкоски: Водата во Гостивар до крајот на неделата за техничка употреба

    23/07/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека се очекува системот за водоснабдување во Гостивар постепено да се нормализира, при што водата до крајот на неделата би требало да биде исправна за техничка употреба, а потоа и за пиење.

    Тој информираше дека во активностите за санација на последиците од загадувањето се вклучиле и екипи од скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација“, кои помагаат во процесот на целосно чистење и стабилизирање на водоводниот систем.

    „Ќе треба да се изврши целосно миење на системот и хлорот да се доведе во нормални граници. Очекувам до крајот на неделата водата да биде добра за техничка употреба, а до идната недела и за пиење“, изјави Мицкоски.

    Тој додаде дека иако водоснабдувањето е во надлежност на локалната самоуправа, државните институции се вклучуваат поради сериозноста на состојбата и потребата што поскоро граѓаните да добијат безбедна вода.

    Гостивар минатиот месец се соочи со сериозна криза во водоснабдувањето, откако по одлука на локалните власти и јавното комунално претпријатие биле поставени потопни пумпи во канал со загадена површинска вода, која потоа била внесена во градскиот водоводен систем со цел зголемување на притисокот.

    По овој настан, повеќе од три илјади граѓани пријавија здравствени проблеми, а Основното јавно обвинителство во Гостивар отвори истражна постапка за утврдување на одговорноста.

    Анализите на Институтот за јавно здравје покажаа дека земените примероци од површинската вода содржеле значително зголемено присуство на колиформни бактерии, над дозволените граници, поради што водата била оценета како небезбедна за употреба и консумирање.

    Дополнително, надлежните инспекциски служби утврдиле дека пумпите биле поставени на локација која не била опфатена со дозволата за користење вода и дека приклучувањето кон водоводниот систем било направено без соодветно одобрение.

    Според наодите, приклучокот бил изведен надвор од дозволеното подрачје, а јавното претпријатие немало дозвола за таквата интервенција во системот.

    Основното јавно обвинителство Гостивар веќе започна истражна постапка против три лица од ЈП „Комуналец“ – в.д. директорката Артана Асани, техничкиот раководител Леон Нуредини и раководителот на Одделението за водовод, канализација и градежни работи Вадедин Дервиши, за сомнение за сторени тешки дела против животната средина и природата.

    Поврзани вести:

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    Европска младинска картичка за младите и нови поволности од локалните самоуправи

    Европска младинска картичка за младите и нови поволности од локалните самоуправи

    Како до реформа на државната управа по мерка на граѓаните

    Како до реформа на државната управа по мерка на граѓаните

    Државна лотарија постапува по забелешките на Државниот завод за ревизија, затворени спорните друштва

    Државна лотарија постапува по забелешките на Државниот завод за ревизија, затворени спорните друштва

    Осум нови случаи на ХИВ/СИДА регистрирани во Македонија во септември

    Осум нови случаи на ХИВ/СИДА регистрирани во Македонија во септември

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    21/10/2026

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    21/10/2026

    Европска младинска картичка за младите и нови поволности од локалните самоуправи

    21/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.