Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Мицкоски во Виена на зедничка прес конференција со австрискиот канцелар: Македонија е жртва на булинг што го прави земја – членка на ЕУ
    Политика

    Мицкоски во Виена на зедничка прес конференција со австрискиот канцелар: Македонија е жртва на булинг што го прави земја – членка на ЕУ

    23/04/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    – Имаме чувство дека процесот се билатерализира, а ние сме жртва на булинг што го прави земја-членка на ЕУ по принципот – „ние сме внатре, вие сте надвор, ако сакате да бидете внатре, мора да ги прифатите нашите услови, во спротивно ќе останете надвор“. А тие услови немаат ништо заедничко со Копенхагеншките критериуми, рече премиерот Христијан Мицкоски во Виена на заедничката прес конференција со австрискиот канцелар Кристијан Штокер.

    Мицкоски уште еднаш го повтори ставот дека земјава бара гаранции од Европскиот совет за да го исполни барањето за повторно менување на Уставот.

    – Нашата позиција е многу јасна – ние сме подготвени да седнеме со нашите соседи и да разговараме за надминување на овој проблем, но за нас се поважни гаранциите кои ние ќе ги добиеме и ги очекуваме од Европскиот совет за нашиот македонски идентитет, дека нема да има дополнителни билатерални прашања кои повторно некој ќе ги отвори. И трето, што правиме со македонската заедница, која, за жал, во Бугарија не може да формира невладина организација, а камоли нешто повеќе и покрај тоа што Европскиот суд за човекови права има донесено најмалку 14 пресуди со кои се бара од Бугарија да дозовли барем регистриање невладини организации, нагласи Мицкоски.

    Владата, потенцира тој, има јасна позиција за иднината на земјата, а тоа е ЕУ, но тоа што фрустрира е, рече, билатерализацијата на пристапниот процес.

    – Нашата позиција е јасна – дека иднината на земјата е во рамки на ЕУ и тука немаме никаква дилема. Но, што е тоа што ги фрустрира македонските граѓани и што ја прави македонската европска иднина неизвесна? Тоа е процесот на билатерализација на пристапните преговори за кој чувствуваме дека за нас е исклучително тежок и фрустрирачки. Ние овој процес го почнавме пред 26 години, кога го потпишавме договорот за ССА, пред 21 година официјално станавме кандидати, а од 2009-та го добивме првиот позитивен Извештај од ЕК за почеток на преговорите. За жал, поради билатералните прашања, овој процес за нас се претвори во приказна без крај. Попатно го променивне своето знаме, ги променивме своите банкноти, неколку пати го менувавме Уставот, а последно го променивме и уставното име. Зарем има втор пример во Еврола што може приближно да каже дека направил нешто како нас во името на европските интеграции? Втор пример нема. И повторно се бара сега од нас – промена на Уставот, истакна Мицкоски.

    Поврзани вести:

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    16/10/2026

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    15/10/2026

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    15/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.