Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, упати честитка по повод 23 Мај – Меѓународниот ден на Власите, посакувајќи им здравје, среќа, благосостојба и семеен мир на припадниците на влашката заедница.
Во честитката тој истакна дека Власите имаат значајно место во македонското општество и оставиле силен белег во развојот на државата преку својата култура, традиција и обичаи.
Мицкоски порача дека единството, толеранцијата и меѓусебното разбирање се вредности што треба постојано да се негуваат за да се гради општество засновано на почит и доверба.
Тој повика на заедничка работа за економски развој и подобар животен стандард, со цел младите генерации да имаат можност својата иднина да ја создаваат во Македонија.
„Да работиме за просперитет и раст на Македонија, за сегашните и идните генерации да имаат услови да ја градат својата иднина во татковината. Нека Ви е честит Националниот ден на Власите“, се наведува во честитката на премиерот.
