Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека полицијата жестоко ќе одговори на сите обиди за нарушување на јавниот ред и мир коментирајќи дека закани од типот на оние кои вчера дојдоа од протестот на Ромите во битолско нема да се толерираат.
“Разговарав денеска утрoво со министерот за внатрешни работи и она кое што го побарав од него да биде за секој оној кој што го прекршил законот, се заканувал, јавно упатил закана и го загрозил мирот и безбедноста на граѓаните жестоко да се одговори. И ќе биде одговорено жестоко за да не се повтори тоа дивеење од вчера што се повтори“ – изјави премиерот Мицкоски.
Група Роми вчера протестираа со палење на гуми во Битола, но и во други македонски градови. Блокираа патишта и се закануваа дека ќе се тепаат бидејќи полицијата им ги одзема возилата поради тоа што возат без положен возачки испит.







