Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Мицкоски: Опозициите во Украина и Молдавија не работат против интересите на своите држави
    Политика

    Мицкоски: Опозициите во Украина и Молдавија не работат против интересите на своите држави

    15/06/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека опозициите во Украина и Молдавија не работат против интересите на сопствените држави и не ја кочат работата на своите влади, коментирајќи го денешниот почеток на пристапните преговори на двете земји со Европската Унија.

    Одговарајќи на новинарско прашање при посетата на индустриската зона Жабени во Битола, Мицкоски направи споредба со состојбите во Македонија, чиј евроинтегративен процес и понатаму е блокиран поради спорот со Бугарија.

    „Опозицијата на Украина и Молдавија не работи против своите граѓани и својата влада, не ја кочи сопствената влада и не работи за интересите на туѓи влади коишто имаат поинакви интереси, како што е во нашиот случај“, рече Мицкоски.

    Тој додаде дека претходните власти во двете земји успеале да обезбедат консензус за стратешките прашања поврзани со надворешните предизвици, додека, според него, поранешната македонска влада била подготвена да прифати отстапки за да остане на власт.

    „Ние нема да очајуваме. Ќе продолжиме да работиме и да испорачуваме реформи што се дел од Планот за раст. Резултати преку ноќ нема. Никогаш не сме ветувале чуда и не сме чудотворци“, истакна премиерот.

    Украина и Молдавија денеска официјално ги започнаа пристапните преговори со Европската Унија, откако Унгарија ја повлече претходната блокада за почеток на преговорите со Киев.

    Во врска со најавената реконструкција на Владата, Мицкоски рече дека разговорите со коалициските партнери ќе започнат по 17 јуни, односно по одбележувањето на роденденот на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица.

    Поврзани вести:

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    16/10/2026

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    15/10/2026

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    15/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.