Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Мицкоски од Битола: Владата продолжува со реализација на проекти за подобар живот на граѓаните
    Политика

    Мицкоски од Битола: Владата продолжува со реализација на проекти за подобар живот на граѓаните

    09/07/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска при посетата на Битола порача дека Владата останува посветена на реализација на проекти кои имаат директно влијание врз квалитетот на живот на граѓаните, со посебен акцент на инфраструктурните инвестиции.

    За време на увидот во реконструкцијата на објектот кој ќе биде дел од подрачното основно училиште „Коле Канински“ во населбата Буковски Ливади, Мицкоски истакна дека и покрај наследените предизвици, Владата продолжува со работа според утврдените приоритети.

    „Продолжуваме да бидеме посветени на испорачување проекти како наш врвен приоритет. Не можеме преку ноќ да ги исправиме пропустите создадени со години, но вложуваме максимални напори да ги решаваме најважните прашања за граѓаните. Оној што работи понекогаш и греши, но најважно е да има резултати“, изјави Мицкоски.

    Министерката за образование и наука Весна Јаневска посочи дека во Битола моментално се реализираат повеќе од 16 инфраструктурни проекти во областа на образованието. Таа информираше дека во изминатите две години во градот се вложени над 450 милиони денари за училишта, спортски сали и други образовни објекти, а најави и реконструкција на Студентскиот дом и Ресурсниот центар.

    Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, информираше дека реконструкцијата на училиштето во Буковски Ливади ќе чини 31 милион денари, средства обезбедени преку Министерството за образование и наука. Тој додаде дека во градот продолжува и инвестицискиот циклус во училишната спортска инфраструктура, со изградба на 24 спортски сали во основните училишта, проект вреден над 4,5 милиони евра.

    Во рамки на посетата на Битола, владината делегација предводена од премиерот Мицкоски ја посети и компанијата „Кромберг и Шуберт“.

    Поврзани вести:

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    16/10/2026

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    15/10/2026

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    15/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.