„Законот важи поеднакво за сите и тука нема никаква дилема”, го коментираше премиерот Христијан Мицоски вчерашниот случај кога припадник на неговото пошироко обезбедување беше приведен и доби притвор од осум дена откако во саботата сопругата пријави во полиција дека физички на нападнал.
-Тоа е втор случај за лице од моето обезбедување каде што законот важи за сите, за разлика од минатото кога членови на обезбедување на претседателот тепаа граѓани, се изживуваа по дискотеки, поминуваа неказнети. Во овој случај гледате мал престап и веднаш системот функционира. Тоа е уште еден доказ и така и ќе продолжиме и во иднина. Недисциплина јас нетолерирам, не само во рамките на моето обезбедување, рече премиерот и додаде дека нападната сопруга е ќерка на негов колега од факултет.
39-годишниот припадник на претходницата од обезбедувањето на премиерот е осомничен за кривичното дело семејно насилство веќе е отстранет од работното место, соопштија вчера од Кривичниот суд.
