Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Мицкоски: Имаме доволно нафта, граѓаните треба да бидат спокојни
    Економија

    Мицкоски: Имаме доволно нафта, граѓаните треба да бидат спокојни

    07/03/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    „Има доволо нафта и нафтени деривати, граѓаните треба да бидат спокојни, а Владата веднаш ќе интервенира ако има драматичен скок на цената, порача денеска премиерот Христијан Мискоски.

    Одговорајќи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на новиот кампус на Униветзитетот „Мајка Тереза“’, Мицкоски напомена дека не би ги коментирал одлуките на Регулаторната комисија за енергетика, зашто таа институција е, рече, независна и носи одлуки врз основа на методолгоија.

    -Имавме состанок со поголемите дистрибутери на нафта и нафтени деривати. Заеднички беше заклучокот дека има доволно нафта и нафтени деривати. Граѓаните треба да бидат спокојни, кај нас цената е драматично пониска од онаа во соседството. Ако литар во Србија е 120 денари, кај нас е 70, исто е ако споредиме и со Косово, Албанија. Уште еднаш како Влада покажуваме дека стандардот на граѓаните ни е пред се. Доколку има драматичен скок на цената на нафтата и нафтените деривати, Владата веднаш, уште во вторник, на редовна седница, ќе интервенира. Имаме неколку опции – дали ќе намалиме акциза или ДДВ, ние апсоултно ќе застанеме во одбрана на она што е наш интерес, а тоа е стандардот на граѓаните, подвлече Мицкоски.

    Според него, инфлацијата и трошоците за живот во јануари се на ниво од 3,1 отсто, но очекува овие бројки да се стабилзиираат во февруари и да бидат под три проценти.

    -Добро е што авторите на т.н. минимална синдикална кошничка јавно кажаа дека јавноста е манипулирана и дека тоа не е минимална, туку просечна кошничка изработена од синдикатот. По неколку месеци јавноста се увери во тие политички манипулации. Ние алатките што ги имаме преку ДПИ и Комисијата за заштита на конкуренцијата ќе ги искористиме сите, го менуваме и законот, ги зголемуваме глобите за 10 – 20-кратно. Секое нефер или девијантно однесување на маркетите ќе биде најстрого и најжестоко казнето. Во делот на поскапувањето на енергенсите, ние и во најтешкото, кога дојдовме како Влада, не ја зголемивме цената на енергенсите, кога станува збор за електричната енергија. Дел од опозициските партии од една страна велат дека се борат за интересот на граѓаните, а од друга ја обвинуваат Владата зошто по толку ниска цена ја продава електричната енергрија на снабдувачот. Тоа се тие лицемерни политики, на двојни стандарди, истакна премиерот.

    Тој потврди дека имало информации за наводни забрани на точење нафта на некои бензински пумпи по 22 часто, но, инспекциите, како што информира, се постојано на терен.

    – Имаше такви информации, ДПИ е на терен, имаме информации што се случува, секое девијантно однесување ќе биде санкционирано согласно закон. Ние како Влада апсолутно застануваме зад граѓаните, тие се нашиот интерес кој мора да биде одбранет и ние тоа го правиме скоро две години, повтори Мицкоски.

    Според него, државните резерви се отприлика над 62 дена, во однос на вкупната дневна потрошувачка на нафта и нафтени деривати, шпо не е проблем и се на највоисоко историско ниво согласно законот, треба да постои методолгоија како да се дојде до 90 дена.

    – Тоа не значи дека ние во моментот треба да имаме, туку се носи преку Министерството, а ние таа методологија ја имаме донесено, и ќе дојдеме до 90 дена, рече Мицкоски.

    На прашањето дали е загрижен од нов ифлаторен шок со оглед на војната на Блискиот Исток, премиерот одговори дека Владата будно ја следи состојбата и ако треба, ќе интервенира.

    -Можноста за нова инфлација, ако потрае кризата во Заливот, е возможна и апсолутно е на маса и ние согласно развојот на настаните, така реагираме. Ние не сме политичка гарнитура што сака да внесува страв, туку сме политичка гарнитура која ги антиципира предизвиците, нуди решенија и се труди да има поинаква атмосфера во опшптешството, нагласи Мицкоски.

    Поврзани вести:

    Владата и Окта постигнаа договор: Дизелот поевтинува за два денари во испораките до трговците

    Владата и Окта постигнаа договор: Дизелот поевтинува за два денари во испораките до трговците

    Синдикалната минимална кошница за октомври достигна 70.358 денари

    Синдикалната минимална кошница за октомври достигна 70.358 денари

    Кој нема да поднесе изјава ќе престане да биде член на задолжителен пензиски фонд

    Кој нема да поднесе изјава ќе престане да биде член на задолжителен пензиски фонд

    Оризопроизводителите ќе добијат дополнителна поддршка од околу осум денари за килограм предадена арпа

    Оризопроизводителите ќе добијат дополнителна поддршка од околу осум денари за килограм предадена арпа

    Нови закони за рударство и геологија: Дигитализација, европски стандарди и поголема заштита на животната средина

    Нови закони за рударство и геологија: Дигитализација, европски стандарди и поголема заштита на животната средина

    Нови цени на горивата: Бензините поевтини, дизелот поскапува за два денари

    Нови цени на горивата: Бензините поевтини, дизелот поскапува за два денари

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Мицкоски нафта резерви
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Владата и Окта постигнаа договор: Дизелот поевтинува за два денари во испораките до трговците

    20/10/2026

    Синдикалната минимална кошница за октомври достигна 70.358 денари

    20/10/2026

    Кој нема да поднесе изјава ќе престане да биде член на задолжителен пензиски фонд

    20/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.