Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Мицкоски: Денешната средба со хрватскиот премиер е потврда на едно пријателство што со години се градело меѓу двете држави
    Политика

    Мицкоски: Денешната средба со хрватскиот премиер е потврда на едно пријателство што со години се градело меѓу двете држави

    26/05/20264 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Денешната посета не претставува само дипломатска средба меѓу две влади, туку и потврда на едно пријателство што со години се градело – односи темелени на меѓусебна почит, разбирање, соработка и искрена поддршка. Ова го истакна претседателот на владата, Христијан Мицкоски, на заедничката прес-конференција со хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ, по денешната средба во Охрид.

    Како што рече, Хрватска е близок партнер на Македонија, пријателска земја и сојузник во НАТО, земја со која споделуваме многу заеднички интереси, слични регионални предизвици, но и заедничка визија за стабилен, безбеден, развоен и европски Западен Балкан.

    Тој рече дека со премиерот Пленковиќ разговарале за билатералната соработка, економските односи, инвестициите, инфраструктурното поврзување, енергетиката, европските интеграции, регионалната безбедност, како и за геополитичките случувања што влијаат врз целиот европски простор.

    – Особено сме задоволни што денес ја подигнуваме нашата соработка на уште повисоко ниво преку потпишувањето на договорот за стратешка соработка меѓу двете влади. Овој договор е повеќе од дипломатски акт. Тој претставува рамка за долгорочно партнерство и јасна политичка определба за продлабочување на односите во области што се од суштинско значење за иднината на двете држави. Нашата стратешка соработка ќе биде заснована врз принципите на меѓусебно почитување, целосно уважување на суверенитетот, меѓународното право и заедничките интереси на нашите граѓани – рече Мицкоски.

    Премиорот нагласи дека во услови на нови глобални предизвици, нестабилност, безбедносни ризици и економски трансформации, денес повеќе од кога било е важно државите што споделуваат исти вредности да градат посилни партнерства.

    – Договорот што денес го потпишуваме создава можности за уште поинтензивна соработка во повеќе стратешки сектори. Ќе работиме на развој на конкретни иницијативи и проекти во транспортот, енергетиката, информатичките технологии, индустријата, производството, здравството, образованието, јавната безбедност, цивилната заштита, одбраната, кибербезбедноста и управувањето со границите – рече Мицкоски.

    За договорот уште рече дека отвора простор за подлабока поврзаност меѓу институциите, компаниите, инвеститорите, академската заедница, граѓанскиот сектор и експертските кругови на двете земји.

    Што се однесува на прашањето на евроинтеграциите, тој истакна дека за Македонија тој процес не е само надворешнополитичка цел, туку институционално созревање, владеење на правото, економски развој, модернизација и создавање подобри услови за живот за нашите граѓани…

    – Нашиот пат кон ЕУ, за жал, е исполнет со непринципиелни блокади поради што се доведува во прашање интегритетот на самиот процес. Но сакаме да веруваме во Европа – во вредностите, принципите и во Европа што препознава реформи, посветеност и резултати – рече премиерот изразувајќи благодарност до Хрватска за принципиелната политика по прашањето.

    Хрватскиот премиер Пленковиќ, од своја страна, ги истакна добрите економски односи меѓу двете земји за кои рече дека постепено достигнуваат ниво од речиси 350 милиони евра годишна размена, што смета дека е добра основа што треба дополнително да се зајакнува.

    – Го поздравувам потпишувањето на овој договор за стратешка соработка, кој е плод на меѓусебната доверба и на односите што ги имаме меѓу двете пријателски земји и двата народи. Особено го цениме добриот третман на Хрватите во Македонија, како и третманот на македонското малцинство во Хрватска. Се радуваме на унапредувањето на таа соработка и ќе продолжиме да ги поддржуваме програмите поврзани со македонското малцинство во Хрватска, исто како што ја цениме грижата за Хрватите во Македонија – рече Пленковиќ.

    Кога станува збор за европскиот пат на Македонија, премиерот Пленковиќ истакна дека Хрватска е силен и конзистентен поддржувач.

    – Ве поддржуваме од првиот ден. Се сеќавам на почетокот од 2000-тите години кога Хрватска беше чекор зад вас. Денес сме веќе 13 години членка на Европската Унија. Нема подобар пример за тоа колку е неправедна сегашната ситуација и колку е важно процесите да се деблокираат и да се направат клучни чекори кон членството – рече Пленковиќ притоа потсетувајќи дека Хрватска ќе продолжи да помага во тој процес како природен дел на односите на двете земји, од сојузништвото во НАТО, како и реформите што ги спроведува Македонија.

    Претходно, владините делегации на двете земји одржаа билатерална средба, на која беа потпишани договори за стратешка соработка помеѓу двете земји. Во рамките на владината посета на хрватската делегација меморандум за соработка потпишаа македонското Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини и хрватското Министерство за економија.

    Поврзани вести:

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    16/10/2026

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    15/10/2026

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    15/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.