Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Мицкоски дециден: Оваа Влада нема да прифати уставни измени кои ќе го засегнат македонскиот идентитет
    Политика

    Мицкоски дециден: Оваа Влада нема да прифати уставни измени кои ќе го засегнат македонскиот идентитет

    29/03/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите го повтори ставот на Владата дека нема да прифати уставни измени под услови кои, како што рече, директно го засегаат македонскиот идентитет, без јасна предвидливост и конечен исход на процесот.

    -Поради лошите криминални и предавнички политики на претходната влада нашата позиција е таква каква што е. Но ова се историски процеси, ние ќе се бориме. Кај нашиот источен сосед политичарите за да го применат принципот на Живковизмот чекаа децении да се родат политичари од типот на тие што беа претходните седум години. Така што, ако треба и ние ќе чекаме децении. Но, политики кои директно влијаат врз нашиот идентитет, а од една страна не нудат предвидливост и јасен крај на тој процес, немам намера додека јас сум претседател на Владата по било која цена да влезам во една таква авантура, рече Мицкоски на новинарско прашање по започнувањето на реконструкција на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

    Говорејќи за позициите на Европска Унија која инсистира на вметнување на Бугарите во Уставот како услов за напредок, премиерот истакна дека нема намера по која било цена, да влезе во таква, како што ја нарече, политичка авантура.

    -Ние можеме да влеземе во авантура. Ние не го игнорираме слонот, слонот е во собата, го донесоа овие претходниве, но без да имаме јасен крај, без да знаеме што добива македонската заедница во Бугарија, без да имаме јасни заклучоци од страна на Европскиот Совет, ние немаме намера да влегуваме во било каква авантура која нас ќе не одведе повторно во некое друго политичко мочуриште, вели тој.

    Премиерот при тоа нагласи дека приоритет остануваат реформите и исполнувањето на обврските кон Унијата. Според него, целта е државата да остане меѓу водечките кандидати во евроинтегративниот процес, но без компромиси кои би ја загрозиле националната позиција.

    -Ние ќе си ја завршиме нашата домашната задача. Нашата цел е во реформската агенда и сето тоа што е заедно со тоа да го испорачаме, да бидеме први, ние да бидеме вистинските фронтранери, што и го правиме, да ги испорачаме сите оние акциски планови меѓу кои е и Акциски план за малцинство, се што се бара од нас ние да го испорачаме, потенцира премиерот Мицкоски.

    Поврзани вести:

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    16/10/2026

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    15/10/2026

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    15/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.