Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека Ива Михаилова нелегално била пренесена во Бугарија и категорично ги отфрли информациите дека таа и нејзиниот адвокат ја преминале границата преку официјален граничен премин.
Мицкоски најави дека Министерството за внатрешни работи истражува како Михаилова ја напуштила Македонија и додаде дека последниот евидентиран влез на нејзиниот адвокат во Македонија бил на 28 септември, што, како што рече, било потврдено и од бугарската страна.
Тој обвини дека бугарското политичко раководство и СДСМ се на иста линија и преку случајот на Ива имаат намера да создадат политичка тема со намера да влијаат на рејтингот владејачката коалиција и ВМРО-ДПМНЕ за да обезбедат одреден бенефит за опозицијата, која рече, има идентичен став како и раководството Бугарија.
„Ако е тоа така договорено, ние ги бараме назад и неа и нејзиниот родител. Уште денеска нека ги донесат и да видиме дали е така договорено или не. „Ве гледам во очи и ви кажувам: кога-тогаш. И татко ѝ и таа ќе одговараат. Кога-тогаш“, порача премиерот.
