„Две и пол децении по почнувањето на нашиот пат кон членство во ЕУ, ние се уште сме на истото место, не затоа што не ги исполнуваме Копенхашките критериуми, туку поради некои вештачки причини, порача премиерот Христијан Мицкоски во Брисел.
Мицкоски потенцира дека земјава го започна патувањето кон ЕУ пред 25 години, заедно со Хрватска, со која го доби и
првиот позитивен извештај за започнување на преговорите во 2009, но за жал денес е на истото место каде што беше и пред 25 години.
„Поради некои вештачки спорови, како што се нашето национално знаме, нашето национално име, името на земјата, поради оваа промена на уставот, па потоа поради друга и сега повторно сме пред уште една пречка, уште едно ограничување наметнато пред нас за промена на Уставот, потенцира премиерот.
Инаку, тој и порано укажуваше дека претходната власт на СДСМ ја има ставено Македонија во незавидна ситуација кога се во прашање преговорите, но дека и покрај сите грешки и пречки Македонија продолжува на патот кон зачленување во ЕУ.
ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ
Додади Коментар
