Мерка за почист воздух предвидува смена на системите за греење во средните училишта во Скопје. Одлуката е донесена на седница на Советот на Град Скопје, со цел намалување на загадувањето и подобрување на квалитетот на воздухот. Паралелно се планирани инвестиции во велосипедски патеки, нови паркови и набавка на комунални возила. Предвидена е и набавка на нови контејнери и опрема за „Комунална хигиена”. Со овие мерки градските власти најавуваат подобрување на урбаната инфраструктура и животната средина.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
