Македонскиот репрезентативец и голгетер Бојан Миовски се најде во незавидна ситуација во Ренџерс, откако не беше во составот за денешното гостување кај Абердин.
Одлуката на тренерскиот штаб да не го вклучи штипјанецот ниту меѓу резервните фудбалери отвори прашања околу неговата иднина во клубот. Според реакциите од јавноста, ова може да биде сигнал дека Ренџерс размислува за негово заминување.
Миовски се наоѓа во незгоден момент, бидејќи преодниот рок е при крај, а евентуалното барање за нов клуб би морало да се реализира во краток период.
Навивачите на Ренџерс беа изненадени од одлуката на менаџерот и дел од нив јавно реагираа, сметајќи дека македонскиот напаѓач заслужува поголема шанса.
„Да бев Бојан, уште денеска ќе побарав трансфер во друг клуб“, се дел од коментарите на разочараните фанови.
Останува да се види дали Миовски ќе остане на „Ајброкс“ или до крајот на преодниот рок ќе побара нова средина каде ќе има поголема минутажа и доверба.
