Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Спорт»Мексико со сигурна победа над Јужна Африка го отвори Мундијалот
    Спорт

    Мексико со сигурна победа над Јужна Африка го отвори Мундијалот

    11/06/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Репрезентацијата на Мексико со победа го отвори Светското првенство 2026, совладувајќи ја Јужна Африка со 2-0 во натпреварот од првото коло во групата А, одигран на легендарниот стадион „Ацтека“ во Мексико Сити.

    Избраниците на селекторот Хавиер Агире ја оправдаа фаворитската улога и стигнаа до заслужени три бода, искористувајќи ги грешките на противничката одбрана.

    Првиот гол беше постигнат уште во деветтата минута. По недоразбирање во одбраната на Јужна Африка, топката стигна до Хулијан Кињонес, кој без проблеми ја затресе мрежата за водство од 1-0.

    До крајот на првото полувреме Мексико беше поконкретен противник и создаде уште неколку добри можности, но резултатот остана непроменет.

    Клучен момент во вториот дел беше исклучувањето на Ситоле во 50. минута, откако како последен играч во одбраната направи прекршок над противнички фудбалер и заработи директен црвен картон.

    Бројната предност Мексиканците ја искористија во 67. минута кога Раул Хименез со удар со глава по асистенција на Роберто Алварадо ги постави конечните 2-0.

    Јужна Африка остана со девет играчи во 83. минута, кога резервистот Цване по ВАР-проверка доби директен црвен картон поради неспортски потег без топка.

    Во самиот финиш и Мексико остана со играч помалку. Капитенот Сезар Монтес беше исклучен по остар прекршок, па бразилскиот судија Вилтон Сампајо го покажа третиот директен црвен картон на натпреварот.

    Со оваа победа Мексико направи важен чекор кон пласман во осминафиналето, додека Јужна Африка уште по првото коло се најде под сериозен притисок во борбата за следната фаза.

    Поврзани вести:

    Арсими и Тиквеш со реми во Гостивар, по еден бод за двата тима

    Арсими и Тиквеш со реми во Гостивар, по еден бод за двата тима

    Македонските ракометарки со прв собир пред настапот на ЕП 2026

    Македонските ракометарки со прв собир пред настапот на ЕП 2026

    Дваесет и тројца навивачи на Хајдук обвинети поради инцидентите пред мечот со Ајакс

    Дваесет и тројца навивачи на Хајдук обвинети поради инцидентите пред мечот со Ајакс

    Ѓоковиќ падна на 12. место на АТП-листата, до крајот на сезоната го чека битка за напредок

    Ѓоковиќ падна на 12. место на АТП-листата, до крајот на сезоната го чека битка за напредок

    (Видео) Фантастичен старт на Елмас: Македонецот го постигна првиот европски гол за Аталанта

    (Видео) Фантастичен старт на Елмас: Македонецот го постигна првиот европски гол за Аталанта

    Алкараз во последен момент потврди настап во Виена, се враќа по пет години

    Алкараз во последен момент потврди настап во Виена, се враќа по пет години

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Арсими и Тиквеш со реми во Гостивар, по еден бод за двата тима

    19/10/2026

    Македонските ракометарки со прв собир пред настапот на ЕП 2026

    19/10/2026

    Дваесет и тројца навивачи на Хајдук обвинети поради инцидентите пред мечот со Ајакс

    19/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.