Шеснаесетгодишен малолетник од Тетово бил лишен од слобода откако полицијата го затекнала како управува патничко возило „БМВ“ без да поседува возачка дозвола.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот се случил вчера околу 17:30 часот на улицата „Илинденска“ во Тетово, каде полициски службеници од СВР Тетово извршиле сообраќајна контрола.
При проверката било утврдено дека малолетникот управувал автомобил со тетовски регистарски ознаки без да има право на управување со моторно возило.
Возилото е одземено, а по целосното документирање на случајот против малолетникот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
