Минатиот месец во Македонија е забележан двоцифрен раст на депозитите и кредитите на граѓаните и компаниите. Инаку, вкупните депозити забележаа годишен раст од 11%, додека вкупните кредити пораснаа за 12,7%, стои во податоците објавени од Народна банка.
Граѓаните и фирмите во банките чуваат вкупно 10,2 милијарди евра, а должат 8,8 милијарди евра.
Во ноември, граѓаните најмногу се задолжувале преку станбени кредити кои забележаа раст од 16,5% и потрошувачките кредити кои што пораснаа за 10,5%. Долгот на граѓаните од потрошувачки кредити сега изнесува околу 2,3 милијарди евра, а од станбени кредит порасна на 1,74 милијарди евра.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
