Македонската Царина на граничниот премин Богородица заплени златна плочка проценета на 4,5 милиони денари, која македонски државјанин кој патувал во автобус на реалција Гостивар – Истанбул, ја скрил во чевелот.
Царината соопшти дека поради основани сомневања, извршиле детална контрола на патникот, кој непосредно пред тоа златната плочка тешка 848 грама од сакото ја префрлил во чевелот.
Против него е до ОЈО Гевгелија е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“, казниво по Кривичниот законик.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

