Две лица се приведени на автопатот Табановце–Куманово, откако, вчера, во два одделни случаи, полицијата кај нив пронајде поголема количина брендирана стока и рачен алат без соодветна документација.
Како што информираат од МВР, во првиот случај бил запрен автомобил управуван од 38-годишен кумановец, во чие возилото биле пронајдени 272 парчиња разновидна брендирана стока, за која возачот не поседувал никаква документација.
Неколку часа подоцна, во вториот случај, полицијата сопрела возило, управувано од 41-годишен скопјанец, а кај него биле откриени 174 парчиња рачен, батериски и електричен алат, исто така без потребните документи.
И во двата случаи стоката е одземена, а лицата се приведен.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
