Заплената на пет тони марихуана кај Крушевац во Србија, за која тамошните истражни органи откриваат дека потекнува од Македонија, отвора сериозни прашања за работењето на фирмите со дозвола за производство на медицински канабис. Станува збор за огромна количина што не може да биде изолиран криминален потфат на поединци, туку дејствување на добро организирана и институционално инфилтрирана мрежа.
Загрижува и фактот што во истрагата се споменува македонска фирма „Алфафарм” од Скопје, која е регистрирана за производство и преработка на медицински канабис, а еден од осомничените, Иван Драгниќ, е и ко-сопственик на компанијата. Ова повторно го актуелизира прашањето дали дел од компаниите што добиле државни лиценци биле користени како параван за нелегално производство и извоз на марихуана, и дали контролниот систем на овие компании во Македонија воопшто функционира.
И во минатото имавме слични случаи.
Ова е уште еден дополнителен мотив, македонските институции да вршат редови и строги контроли и проверки на работењето на сите фирми со дозвола за канабис.
