Боксерот Ален Рустемовски, освојувач на сребрен медал на Европското првенство до 23 години и Катерина Попева, светска шампионка во фитнес и бодибилдинг се прогласени на најдобри спортисти на Македонија за 2025 година.
Нивните успеси се остварени со многу работа. Но останува прашањето дали тие и останатите врвни македонски спотристи имаат прескромни услови за тренинг кои треба да се подобрат? Каква стратегија за развој на спортот има Македонија? Колку државата вложува во современа спортска инфраструктура, во едукација и задржување на квалитетен тренерски кадар, во напредни технологии и спортска наука, и колку реално им се овозможуваат услови на младите спортисти за континуиран напредок?
Загрижувачки е фактот што за најдобра женска екипа е прогласена ракометната репрезентација, само поради тоа што учествуваше на Европско првенство, на кое заврши на опашката.
Македонија предолго се задоволува само учество наместо со резултат.
Проблемот не е во спортистите, ниту во нивниот талент и нивната желба, туку во недоволната континуирана државна стратегија што е пречка тој талент и желба да се претвори во врвни резултати.
