Македонските фудбалски репрезентативци преку натпревар со данските колеги на гостински терен ќе бара пласман на светското првенство во фудбал. Ако победи на тој напревар, ќе се надигруваат со победникот од напреварот Чешка – Ирска, повторно на гостински терен.
Ова е денешната ждрепка од Цирих која ги покажа насоките кои треба да ги помине Македонија за да бара пласман на Светското првенство во фудбал следната година.
Полуфиналните мечеви од плеј-офот се играат на 26 март, а финалните на 31 март.
Во останатите полуфинални дуели се среќаваат Велс-БиХ, Полска-Албанија, Словенија-Косово и Италија-Северна Ирска.
Инаку, македонската репрезентација одигра одлични квалификации се до последното коло кога беше поразена од Велс со 7:1 со што изгуби шанси да добие полесни противници во понатамошните квалификации за Светското првенство.
За потсетување: Минатиот пат кога стасавме во Плејофот ги добивме како противници репрезентациите на Италија и Португалија.

