Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » Македонија, покрај Русија и Кина, го има едно од најголемите пронаоѓалишта на антимон, инвестицијата од САД ќе ја позиционира државата како значаен светски снабдувач
    Економија

    Македонија, покрај Русија и Кина, го има едно од најголемите пронаоѓалишта на антимон, инвестицијата од САД ќе ја позиционира државата како значаен светски снабдувач

    08/04/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Најавена е значајна американска инвестиција поврзана со експлоатација на антимон во близина на Крива Паланка. Како што кажа премиерот Христијан Мицкоски инвеститор од САД ќе изгради топилница во Оклахома, каде што ќе се преработува рудата што ќе се извезува од Македонија.

    Инаку, антимонот е редок и стратешки важен метал кој има широка примена – од батерии и електроника до одбранбената индустрија. Токму поради неговата ограничена достапност и големата побарувачка тој се смета за една од критичните суровини во светот.

    Според достапните геолошки податоци, во источниот дел на Македонија се проценува дека има неколку десетици илјади тони резерви на антимон, со
    значаен потенцијал за дополнителни истражувања и експлоатација.

    А со оглед на тоа дека останатите големи пронаоѓалишта се во Кина и Русија, јасна е намерата на САД за обезбедување алтернативен извор на
    овој редок метал. Со ова, Македонија може да се позиционира како значаен светски снабдувач на антимон и е шанса за отворање нови работни места и зголемен прилив на девизи.

    Инаку, освен овој редок метал, Македонија го има и рудникот Алшар на Кожуф што е најголемото светско пронаоѓалиште на минералот лорандит.
    Се проценува дека таму има неколку десетици илјади тони руда со лорандит и сродни минерали, што го прави локалитетот глобално значаен,
    не само економски туку и научно. Освен во Македонија, лорандит е пронајден и во САД, Италија и Кина, но во многу помали
    количини.

    антимон
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Мицкоски очекува намалување цените на бензините за 1,5 денари, а на дизелот за 2,5

    11/04/2026

    Грција и Србија и овој Велигден омилени дестинации за Македонците

    11/04/2026

    Добро е што ќе се копаат нови руди под земјата, ама мора и да се сее почвата, земјоделството е нашиот најголем рудник

    11/04/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
      Прва Скопска ТВ
      Facebook Instagram YouTube
      • За нас
      • Импресум
      • Контакт
      • Програмска шема
      © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

      Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.