Македонија се соочува со еден од најсилните топлотни бранови ова лето, а
на сила е 30-дневна кризна состојба поради високата опасност од пожари.
Според УХМР, температурите во наредните денови ќе достигнуваат и до 42
степени, а ќе продолжат и тропските ноќи со високи температури. Лекарите
предупредуваат дека најзагрозени се повозрасните, хронично болните,
децата и бремените жени и апелираат да се избегнува престој на сонце од
11 до 17 часот.
Високите температури влијаат и врз енергетскиот систем, водоснабдувањето, земјоделството и патната инфраструктура. Надлежните апелираат граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од горештините и внимателно да се однесуваат за да се спречат нови пожари.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
