Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Македонија остана без 4,2 милиони евра поради недонесен Изборен законик
    Политика

    Македонија остана без 4,2 милиони евра поради недонесен Изборен законик

    16/07/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Македонија го пропушти рокот за донесување на новиот Изборен законик во Собранието, кој беше една од обврските во рамките на Реформската агенда, поради што земјата остана без 4,2 милиони евра финансиска поддршка од Европската унија.

    Политичките партии во изминатиот период не успеаја да постигнат договор за измените, а најголемите несогласувања се однесуваа на прашањето дали дијаспората треба да добие можност за гласање на изборите.

    Од ВМРО-ДПМНЕ ја обвинија опозицијата, односно СДСМ, Левица и ДУИ, дека со блокирањето на законот ја спречиле неговата реализација.

    „Стравот од изборен пораз ги натера овие политички партии да се здружат и да блокираат еден од најважните закони. Владата покажа подготвеност за договор и прифаќање на решенија околу кои ќе се постигне консензус, но тие избраа опструкции“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.

    Од коалицијата ВЛЕН посочија дека за Изборниот законик е потребен широк политички договор и нагласија дека биле подготвени за разговори со сите партии.

    „Едно од нашите барања е вклучување на дијаспората во гласањето на следните избори. Тоа е став на кој ќе инсистираме и понатаму, бидејќи сметаме дека треба да им се овозможи на иселениците да го остварат своето право на глас“, изјави Дритон Сулејмани од ВЛЕН.

    Од СДСМ, пак, оценија дека губењето на 4,2 милиони евра е помал проблем во споредба со, како што велат, последиците од застојот на европските интеграции.

    „Не се губат само 4 милиони евра поради Изборниот законик. Се губи стратешката цел, европската перспектива и милијарди евра кои би можеле да дојдат преку европските фондови. Владата ја држи државата во изолација“, изјавија од СДСМ.

    Од Левица сметаат дека јавноста се фокусира само на загубените средства од Европската унија, додека се занемарува фактот дека со непроменетиот Изборен законик останува можноста за финансирање на политичко рекламирање со јавни пари.

    „Со останувањето на стариот закон, најголемите политички партии ќе продолжат да користат средства за платено политичко рекламирање, вредни околу 10 милиони евра“, велат од Левица.

    Изборниот законик беше десеттата обврска што Македонија требаше да ја исполни во рамките на Реформската агенда за користење на средствата од Планот за раст на Европската унија. Поради недонесувањето на законот, земјата остана без предвидените 4,2 милиони евра.

    Поврзани вести:

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    16/10/2026

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    15/10/2026

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    15/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.