Македонија ја очекува нов бран екстремно топло време. Под влијание на топла воздушна маса од југ, во текот на продолжениот викенд и до крајот на следната седмица ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност.
Според прогнозите, дневната температура во сите делови од земјата ќе биде над 32 степени, а во одделни региони живата во термометарот ќе надмине и 40 степени Целзиусови.
Тропските горештини нема да попуштат ниту во текот на ноќта, бидејќи и минималните температури ќе останат невообичаено високи.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
