Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска телефонски разговараше со Јанез Јанша, на кого му упати честитки по повод изборот за премиер на Република Словенија и формирањето на новата влада.
Во разговорот, Мицкоски ѝ посака на Словенија стабилност, напредок и успешен период на владеење, нагласувајќи ја важноста на пријателските односи меѓу двете држави.
Двајцата соговорници ја потврдија заложбата за натамошно продлабочување на соработката меѓу Македонија и Словенија, со посебен акцент на политичките и економските односи.
Беше истакната заедничката определба за јакнење на партнерството, засновано на меѓусебна почит и европски вредности, како и на заедничката визија за стабилност и развој.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
