Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Македонија го задржа кредитниот рејтинг според „Фич“, Димитриеска-Кочоска: Потврда за економските политики
    Економија

    Македонија го задржа кредитниот рејтинг според „Фич“, Димитриеска-Кочоска: Потврда за економските политики

    13/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска соопшти дека Република Македонија го задржала кредитниот рејтинг што го оценува кредитната агенција „Фич“, оценувајќи дека тоа претставува значајна потврда за економските политики што ги спроведува Владата.

    Во објава на Фејсбук, министерката истакна дека стабилните јавни финансии и поттикнувањето на економскиот раст остануваат главни приоритети на Владата, а токму економските показатели, според неа, придонеле земјата да го задржи кредитниот рејтинг.

    Димитриеска-Кочоска посочи дека Македонија започнала со економски раст од 1,6 проценти во првиот квартал од 2024 година, а потоа, благодарение на мерките што биле преземени, во континуитет се бележат стапки на раст од околу и над три проценти. Последниот објавен податок покажува раст на економијата од 4,3 проценти во вториот квартал.

    Таа нагласи дека инвестициите се клучен двигател на економскиот развој, при што само во вториот квартал од годинава бруто-инвестициите се зголемиле за 16,5 проценти.

    Според министерката, позитивни резултати бележат и повеќе економски сектори. Градежништвото пораснало за 21,9 проценти, индустријата за 3,9 проценти, преработувачката индустрија за 4,1 процент, додека услужниот сектор бележи раст од 2,4 проценти. Во истиот период, извозот на стоки и услуги реално е зголемен за 10,4 проценти.

    Димитриеска-Кочоска оцени дека овие резултати се постигнати во услови на глобална економска неизвесност, што, според неа, дополнително ја нагласува стабилноста на домашната економија.

    Осврнувајќи се на јавниот долг, министерката информираше дека на крајот од вториот квартал на 2026 година тој изнесувал 58,8 проценти од БДП, односно 10,726 милијарди евра. Во споредба со првиот квартал, јавниот долг е намален за 21 милион евра, додека во однос на крајот на 2024 година е понизок за 2,6 процентни поени.

    Таа посочи дека Владата паралелно работи на финансирање на развојни проекти и на навремено сервисирање на наследените обврски. Во вториот квартал од годинава биле исплатени повеќе од 300 милиони евра за дел од еврообврзницата издадена во 2020 година, а од втората половина на 2024 година досега Министерството за финансии сервисирало обврски во вкупен износ од 4,556 милијарди евра.

    Дополнително, за камати биле исплатени околу 350 милиони евра.

    Министерката нагласи дека Владата ќе продолжи со постепена и кредибилна фискална консолидација, истовремено обезбедувајќи средства за инвестиции и навремено сервисирање на државните обврски.

    „Нашата определба за фискална консолидација останува непроменета, но таа мора да биде постепена, кредибилна и усогласена со економскиот циклус“, порача Димитриеска-Кочоска.

    Поврзани вести:

    Нова приватна инвестиција во енергетиката, премиерот Мицкоски вели дека особено е значајна пред предизвикувачката зима

    Нова приватна инвестиција во енергетиката, премиерот Мицкоски вели дека особено е значајна пред предизвикувачката зима

    УЈП објави нова листа на должници: Над 13,6 милијарди денари неплатени долгови

    УЈП објави нова листа на должници: Над 13,6 милијарди денари неплатени долгови

    „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија на „ББ+“ со стабилен изглед

    „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија на „ББ+“ со стабилен изглед

    Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,18 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

    Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,18 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

    Божиновска со Ацевски за наодите и препораките од ревизиите во енергетскиот сектор

    Божиновска со Ацевски за наодите и препораките од ревизиите во енергетскиот сектор

    Превозниците од Западен Балкан го откажаа протестот на границите со ЕУ

    Превозниците од Западен Балкан го откажаа протестот на границите со ЕУ

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Нова приватна инвестиција во енергетиката, премиерот Мицкоски вели дека особено е значајна пред предизвикувачката зима

    12/09/2026

    УЈП објави нова листа на должници: Над 13,6 милијарди денари неплатени долгови

    12/09/2026

    „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија на „ББ+“ со стабилен изглед

    12/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.