Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»М-таговите за патарини отсега достапни и преку мобилните оператори
    Република

    М-таговите за патарини отсега достапни и преку мобилните оператори

    12/05/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    М-таговите за електронска наплата на патарините отсега ќе бидат достапни и преку двата најголеми мобилни оператори во земјава – А1 Македонија и Македонски Телеком, најавија од Јавното претпријатие за државни патишта.

    Од претпријатието велат дека целта е електронската наплата да стане подостапна за граѓаните и да се овозможи побрзо и полесно поминување низ наплатните станици.

    Наместо досегашното купување само во просториите на ЈПДП или на наплатната станица „Петровец“, граѓаните ќе можат уредот да го набават преку мобилните оператори на 24 месечни рати од по 49 денари.

    Корисниците ќе имаат можност да изберат дали патарината ќе се наплаќа директно од банкарска картичка или износот ќе биде додаван на месечната сметка за мобилни услуги.

    Директорот на ЈПДП, Коце Трајановски, изјави дека Македонија сè уште заостанува зад соседните земји во користењето електронски системи за наплата, што создава непотребни метежи на патарините.

    Тој посочи дека застои се создаваат и кога возачи со електронски картички немаат доволно средства, поради што се намалува протокот на возила на наплатните станици.

    Според Трајановски, целта е што повеќе граѓани да користат М-тагови, а моментално околу 36 проценти од наплатата се реализира преку овој систем.

    Воедно, најави дека се разгледуваат и идни промени во системот за наплата, меѓу кои и модел според поминат километар, сличен на системот што се применува во Србија.

    Таквиот начин на наплата најпрво би се вовел на Коридорот 8, каде што патарината би се плаќала на последната наплатна станица или на излезите.

    Трајановски потврди дека засега нема да има промена на цените на патарините.

    Поврзани вести:

    Европски владини веб-страници привремено исклучени поради безбедносни пропусти во PHP

    Европски владини веб-страници привремено исклучени поради безбедносни пропусти во PHP

    Петмина малолетници веќе испрашани за нападот врз 13-годишник во Влае

    Петмина малолетници веќе испрашани за нападот врз 13-годишник во Влае

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    Европска младинска картичка за младите и нови поволности од локалните самоуправи

    Европска младинска картичка за младите и нови поволности од локалните самоуправи

    Како до реформа на државната управа по мерка на граѓаните

    Како до реформа на државната управа по мерка на граѓаните

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Европски владини веб-страници привремено исклучени поради безбедносни пропусти во PHP

    21/10/2026

    Петмина малолетници веќе испрашани за нападот врз 13-годишник во Влае

    21/10/2026

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    21/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.