Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа во првото коло на Вимблдон ќе игра против шестата тенисерка на светот, Американката Аманда Анисимова, која лани стигна до финалето на турнирот.
Ѓорческа вчера преку квалификациите обезбеди историски пласман во главната сингл-конкуренција на најпрестижниот тениски турнир во светот, што е прв ваков успех за македонски тенисер.
Натпреварите од првото коло на Вимблдон ќе се играат на 29 и 30 јуни.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
