Европски лидери се во таен контакт со Москва. Се разговарало за прекинување на војната во Украина. Ова го откри рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
– Ние сме во контакт со некои европски лидери. Тие се јавуваат и бараат овие разговори да останат тајни. Некои дури доаѓаат тука, истакна Лавров.
Шефот на руската дипломатија објасни дека европските лидери „за време на овие приватни, доверливи контакти” се во правец дека нешто мора да се направи за да се заврши војната.
Инаку тој позиција на европските лидери ја објаснува вака: Украина не смее да изгуби, Русија не смее да победи, во спротивно Европа ќе го изгуби угледот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
