Левица денеска преку соопштение обвини дека државата не обезбедува доволна грижа за детскиот стандард, и покрај, како што велат, честите повици од власта за зголемување на наталитетот и поддршка на многудетните семејства.
Од партијата посочуваат дека според достапните податоци секое трето дете во Македонија живее во сиромаштија, а најпогодени се повеќедетните семејства, децата на самохрани родители и децата во социјален ризик.
Во соопштението се наведува дека иако постојат мерки како детски додаток, надоместок за трето дете и стипендии, тие не даваат доволни резултати.
Од Левица оценуваат дека детскиот додаток, кој изнесува од 1.800 до 3.000 денари, не може да ги покрие основните месечни потреби на децата, особено поради растот на цените на храната и основните производи.
Партијата ја обвини власта и за, како што наведуваат, лицемерен однос кон социјално ранливите категории.







