Почнувајќи од овој месец, здравствените осигуреници повторно ќе можат да го подигнат лекот „Фостер“ од аптеките без доплата, односно само со плаќање на законски утврдената партиципација за услугата по рецепт, соопшти Министерството за здравство.
Од таму нагласуваат дека тоа ќе важи и за другите лекови што ги содржат истите активни компоненти и се користат во третманот на хроничната опструктивна белодробна болест.
Министерството потенцираа дека во континуитет се спроведуваат активности, насочени кон обезбедување поголема достапност на лековите за пациентите по поприфатливи цени.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
