Непознати лица преку странски телефонски број +639606963624 им испраќаат на македонски корисници пораки за наводно регистриран сообраќаен прекршок и бараат наплата со платежна картичка за истиот на лажна веб страна http://mvr.govmk.cam/mk, информира Министерството за внатрешни работи.
Според Секторот за компјутерски криминал при МВР се работи за измама која се врши на тој начин што, откако лицата ќе кликнат на линкот оставен во пораката, истиот води на лажна веб страна на МВР каде што бараат да ја внесат регистарската табличка од Вашето возило и потоа ги носи на нов прозорец каде е е регистриран прекршок и бараат наплата од 1500 денари за истиот.
МВР апелира до граѓаните да бидат претпазливи и да не веруваат на пораки кои доаѓаат од нелегитимен веб сајт на Министерството, ниту да оставаат свои лични податоци и податоци од својата платежна картичка, кои потоа претставуваат цел на злоупотреба.
