Лажни се дојавите за поставени бомби во трговските центри „Ист Гејт Мол“ и „Дајмонд Мол“ во Скопје, информираа од Министерството за внатрешни работи. Како што соопштија претходно, на електронската адреса на МВР била добиена порака со закана за поставени експлозивни направи во двата објекта.
Веднаш по пријавата, полициски службеници презеле соодветни мерки и активности во и околу трговските центри.По извршените проверки било утврдено дека станува збор за лажни дојави, односно дека нема опасност.
Овој случај доаѓа откако во петокот имаше серија слични дојави за бомби и во повеќе земји од регионот, што укажува на можно координирано ширење на лажни закани.
Ваквите инциденти повторно ја отвораат темата за безбедноста и злоупотребата на ваквите дојави кои создаваат паника кај граѓаните. Јавноста се потсетува и на периодот пред две години, кога во Скопје речиси секојдневно пристигнуваа дојави за бомби во училиштата, што сериозно го наруши образовниот процес и создаде атмосфера на страв.

