Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Лавров: Западот сака да ја ослабне и подели Русија
    Свет

    Лавров: Западот сака да ја ослабне и подели Русија

    05/06/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека разговорите меѓу Русија и САД за изнаоѓање решение за војната во Украина се наоѓаат во ќорсокак и дека во моментов нема напредок во процесот.

    Во интервју за весникот „Известија“, Лавров оцени дека западните земји со години спроведуваат политика насочена кон ограничување на влијанието на Русија, со цел нејзино ослабување и изолирање на меѓународната сцена.

    Според него, Западот настојува соседните држави да ги оддалечи од соработката со Москва и да ги вклучи во геополитички процеси кои, како што тврди, се штетни за нивната стабилност.

    Лавров истакна дека исполнувањето на целите на руската воена операција во Украина би придонело за дополнително зајакнување на позицијата на Русија во светот.

    Тој потсети и на разговорите што се одржале во Алјаска пред речиси една година, наведувајќи дека Москва ги прифатила американските предлози за решавање на кризата, но дека потоа не следувале конкретни чекори ниту дополнителни активности насочени кон Киев.

    Рускиот министер ја критикуваше и Европската Унија, оценувајќи дека европските земји не се подготвени да поддржат решение кое не е под нивно влијание и повторно ја обвини Европа за, како што наведе, русофобичен однос кон Русија.

    Говорејќи за односите со Вашингтон, Лавров рече дека Москва останува подготвена за нормализација на односите, но нагласи дека досегашните иницијативи не донеле конкретни резултати.

    Осврнувајќи се на состојбите на Блискиот Исток, тој оцени дека САД се соочуваат со сложени предизвици во односите со Иран, додавајќи дека Русија поддржува продолжување на дијалогот меѓу двете земји.

    Поврзани вести:

    Федералните агенции во САД добија наредба да го отстранат DeepSeek

    Федералните агенции во САД добија наредба да го отстранат DeepSeek

    Трамп подготвен за трилатерална средба со Путин и Си: Време е некој друг да преговара за Украина

    Трамп подготвен за трилатерална средба со Путин и Си: Време е некој друг да преговара за Украина

    Бугарски суд одобри европска потерница за двајца Германци осомничени за палење антени на „Старлинк“

    Бугарски суд одобри европска потерница за двајца Германци осомничени за палење антени на „Старлинк“

    Тринаесетгодишник со нож нападна наставник и ученик во училиште во Романија

    Тринаесетгодишник со нож нападна наставник и ученик во училиште во Романија

    Кремљ: Мировен договор не е можен без претставник од Киев подготвен да преземе одговорност

    Кремљ: Мировен договор не е можен без претставник од Киев подготвен да преземе одговорност

    Зеленски: Над 550.000 домаќинства останаа без струја по руските напади

    Зеленски: Над 550.000 домаќинства останаа без струја по руските напади

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Федералните агенции во САД добија наредба да го отстранат DeepSeek

    20/10/2026

    Трамп подготвен за трилатерална средба со Путин и Си: Време е некој друг да преговара за Украина

    20/10/2026

    Бугарски суд одобри европска потерница за двајца Германци осомничени за палење антени на „Старлинк“

    19/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.