Поднесена е кривична пријава за Блерим Беџети, поранешниот градоначланик на Сарај. Покрај за него Управата за финансиска полиција поднесе кривични пријави и уште седуммина, вработени во Општина Сарај и Град Скопје.
Кривичните пријави се поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата и фалсификување или уништување на деловни книги.
Пријавените лица, злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластувања, како и несовесно вршејќи ги своите должности, овозможиле на фирма од с. Глумово да се стекне со противправна имотна корист во износ од 108.638.840 денари, се вели во соопштението од Финансиска полиција.
ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ
Додади Коментар
