Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Кривична пријава против екс министерот Спасовски, тој ги отфрла тврдењата и вели дека се работи за политички прогон
    Политика

    Кривична пријава против екс министерот Спасовски, тој ги отфрла тврдењата и вели дека се работи за политички прогон

    10/12/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО Скопје вчера поднесе кривична пријава против поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски за „злоупотреба на службена положба и овластување“

    -О.С. додека ја извршувал функцијата министер за внатрешни работи, односно во текот на 2021 година, искористувајќи ја својата службена положба и овластување овозможил на правен субјект-технички преглед во општина Сарај да се стекне со противправна имотна корист во износ од 5.565.927 денари, се наведува во соопштението од МВР.

    Како што се посочува, О.С. делото го сторил на начин што во законски предвидениот рок не донел решение за одземање на овластување за технички преглед врз основа на предлог, доставен од надлежна организациска единица за граѓански работи.

    -Иако знаел дека рокот за донесување решение за одземање на овластувањето е најдоцна до 15 дена од денот на доставување на предметот, не ја извршил својата службена должност согласно чл.65 ст.3 од Законот за возила и чл.5 од Правилникот за начинот и постапката за донесување и одземање на решението за овластување на правното лице за технички преглед на возила и за категории на возила за кои се издава овластување за технички преглед на возила, велат од МВР.

    Поранешниот министер Спасовски целосно ги отфрли овие тврдења, истакнувајќи дека не го изненадуваат методите и дека ВМРО-МВР-О се активира секогаш кога треба да се дефокусира јавноста од вистинските скандали на владата, криминалот и лошата економска состојба.

    -Јасно да се разбере, ова е класичен обид за политички прогон, за дефокусирање на темата од мигрантите и скандалите на власта. Имам само една лична дилема – дали повеќе им пречат моите резултати кога бев министер, или проблемот е мојата посветеност во борбата за вистината како опозиционер, вели Оливер Спасовски.

    Спасовски беше министер за внатрешни работи во повеќе мандати, во периодот 2015–2024, со неколку прекини поради функционирањето на техничката влада.

    Поврзани вести:

    Собраниски комисии денеска за измените на Законот за приватизација на градежно земјиште

    Собраниски комисии денеска за измените на Законот за приватизација на градежно земјиште

    Левица: Економската стабилност за која зборува Владата не се гледа во секојдневниот живот на граѓаните

    Левица: Економската стабилност за која зборува Владата не се гледа во секојдневниот живот на граѓаните

    Мицкоски: Следната година нов повик за општините, Чешиново-Облешево со нови проекти

    Мицкоски: Следната година нов повик за општините, Чешиново-Облешево со нови проекти

    СДСМ задоволна од резултатот во Брвеница и покрај четвртото место

    СДСМ задоволна од резултатот во Брвеница и покрај четвртото место

    Мицкоски прогласи убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

    Мицкоски прогласи убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Собраниски комисии денеска за измените на Законот за приватизација на градежно земјиште

    20/10/2026

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    19/10/2026

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    19/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.