Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Кремљ тврди дека нема информации за мировниот план на САД и Европа за Украина
    Свет

    Кремљ тврди дека нема информации за мировниот план на САД и Европа за Украина

    13/10/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Москва нема сознанија за наводниот мировен план за Украина кој, според пишувањето на „Вашингтон пост“, го подготвуваат САД и европските партнери, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

    „Кремљ ја прочита статијата во ’Вашингтон пост‘ за наводниот мировен план за Украина подготвен од САД и Европа. Меѓутоа, Москва не знае ништо за самиот план“, изјави Песков на прес-конференција, пренесе руската агенција ТАСС.

    Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин посочи дека Москва продолжува да ги следи и разгледува прашањата поврзани со можен прекин на огнот во енергетскиот сектор меѓу Русија и Украина, но дека во моментов нема нови информации за напредок во разговорите.

    „Во однос на контактите за енергетскиот прекин на огнот, немаме што ново да кажеме. Работата продолжува“, рече Песков.

    Според информациите објавени од „Вашингтон пост“, САД и европските држави работат на заеднички предлог за завршување на војната во Украина. Планот, според неименувани извори, би опфатил повеќе сегменти – обновување на Украина, безбедносни гаранции за Москва и Киев, можен енергетски договор и прекин на огнот по актуелната линија на фронтот.

    Во написот се наведува дека иницијативата би требало да донесе одредени финансиски и безбедносни придобивки за двете страни и да создаде рамка за понатамошно решавање на спорните прашања, вклучително и територијалните прашања.

    Според „Вашингтон пост“, изработката на предлогот била поттикната по средбата на американски, европски и украински претставници на Флорида, каде што биле разгледувани можни чекори за дипломатско решение на конфликтот.

    Поврзани вести:

    Трамп: Можеби отидовме предалеку со нападите врз иранските лидери

    Трамп: Можеби отидовме предалеку со нападите врз иранските лидери

    Полска ја обвини Русија за саботажа на станица на „Старлинк“, уапсени двајца осомничени

    Полска ја обвини Русија за саботажа на станица на „Старлинк“, уапсени двајца осомничени

    Драма во Германија: Аеродромот во Нирнберг целосно го запре авиосообраќајот

    Драма во Германија: Аеродромот во Нирнберг целосно го запре авиосообраќајот

    Бугарското МНР: Не бевме вклучени во заминувањето на Михајлова

    Бугарското МНР: Не бевме вклучени во заминувањето на Михајлова

    Путин нуди прекин на огнот во Украина само за денот на изборите, тврди Кремљ

    Путин нуди прекин на огнот во Украина само за денот на изборите, тврди Кремљ

    Финска пред тешки одлуки: Земјата на среќните граѓани се соочува со големи буџетски кратења

    Финска пред тешки одлуки: Земјата на среќните граѓани се соочува со големи буџетски кратења

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Трамп: Можеби отидовме предалеку со нападите врз иранските лидери

    13/10/2026

    Полска ја обвини Русија за саботажа на станица на „Старлинк“, уапсени двајца осомничени

    13/10/2026

    Драма во Германија: Аеродромот во Нирнберг целосно го запре авиосообраќајот

    13/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.