Официјална Москва изјави дека сака војната во Украина да заврши, но тоа
е можно само кога Русија ќе ги оствари зацртаните цели. Од Кремљ
истакнуваат дека сакаат крај на војната преку политички и дипломатски
средства, а одговорноста за застојот во преговорите ја префрли на
другите земји.
Претседателот Владимир Путин потврди во август оваа година дека условите
за прекин на војната, објавени уште во летото 2024, остануваат
непроменети. Меѓу клучните барања се повлекување на украинските сили од
Домбас, Украина да се откаже од членството во НАТО, да воспостави
ненуклеарен статус и да се укинат меѓународните санкции.
ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ
Додади Коментар

