Специјалниот претставник на Кремљ, Кирил Дмитриев, денеска изјави дека повлекувањето на Украина од регионот Донбас е патот кон мир.
Претходно, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека украинските вооружени сили мора да го напуштат Донбас и дека тоа е важен услов за руската страна.
Русија во моментов контролира речиси 90 проценти од регионот Донбас, а рускиот претседател Владимир Путин постојано повторува дека ако Украина не се откаже од остатокот, тогаш Русија ќе го земе со сила.
Најтешката точка за време на разговорите меѓу американската, руската и украинската делегација во Абу Даби во петокот и саботата била територијалното прашање, а меѓу другото, било разговарано и за создавање тампон-зона.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
